Како да поставам оглас

За да поставите оглас најпрво треба да креирате сметка(профил) на нашата веб страна.
Одкако ќе креирате сметка едноставно кликнете на ''+нов оглас'' во горниот дел од екранот.
Потоа следува пополнување на потребните полиња:

Наслов:
За најдобро и најпрецизно вашиот оглас да биде прикажан на потенцијалниот купувач вашиот наслов треба да биде краток и јасен. Пример ако го продавате вашето возило се што е потребно е да ја наведете марката на вашето возило '' Mercedes Benz GL350''. Не е потребно додавање на непотребни категории како ''Се продава'' ''Ново'' ''Старо'' ''Итно'' и други. Сите овие карактеристики на вашиот оглас може да ги додадете во опис или во дадените подкатегории подолу.

Опис:
Најважниот дел за продавање на вашиот продукт се базира на добро осмислен опис на огласот!
Добро скоцкан опис на вашиот оглас ви овозможува 50% повеќе шанси клиентот да ве контактира вас отколку некој друг оглас кој има здодевен и неискрен опис. Едноставно впишете ги сите податоци за вашиот продукт и што е најважно е да бидете искрени и јасни.

Избирање категорија:
Кликнете на даденото поле и нашиот систем ќе ви ги понуди сите можни категории со кои ние располагаме.Ако вашиот продукт не се совпаѓа од дадените подкатегории во возила, недвижности и електроника, а е дел од нив, тогаш изберете останато во дадените три главни категории.

Цена:
Напишете ја вашата цена и изберете валута(евро,мкд). Доколку сакате да преговарате имате опција да изберете "Цена по договор". Размислете убаво дека оглас без цена не е привлечен за потенцијалниот купувач. Доколку оставите цена 0 или 1 еуро и слично вашиот оглас автоматски ќе биде избришан од нашите администратори.

Контакт:
Во контакт детали ги вметнувате вашите контакти како тел.број или емаил и област во која се наоѓа продуктот. Тука имате и опција да го скриете вашиот тел.број или емаил, но напоменуваме да оставите барем едно од наведените бидејќи вашиот оглас ќе биде автоматски избришан.

Фото галерија:
Овде ги избирате вашите слики кои го опишуваат вашиот продукт. Имате можност да прикачите од 1 до 10 слики. Како што е описот на огласот важен така уште поважна е галеријата на вашиот оглас. Низ слики го правите вашиот продукт поинтересен и попривлечен. Внимавајте на осветленоста на сликите, најдобро одговара дневната светлина. Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг. ПРАВИЛА

Огласот трае 365 дена. По истекот огласот автоматски се брише. За други прашања слободно контактирајте ги нашите админи.

За да го погледнете нашето тест видео кликнете овде.